Управниот одбор ги именува Pepyn Dinandt (Пепин Динандт) како извршен претседател и извршен директор

01.04.2016

ursa-pepyndinandt-1502110502.jpg

Одборот на директори на URSA Insulation S.A. го назначи Pepyn Dinandt (Пепин Динандт) како извршен претседател и извршен директор на URSA, во сила од 1 април 2016 година. Г-дин Dinandt е неизвршен претседател на Одборот на URSA од октомври 2015 година. “Со назначувањето компанијата ќе биде во можност да ја забрза имплементацијата на своите инвестиции и плановите за раст кои се изработени заедно со менаџерскиот тим во последните месеци, откако ние ја презедовме компанијата. URSA во голема мера ќе има корист од исклучително искуство кое го има извршниот директор г-дин Dinandt во индустријата за градежни материјали ", вели Mark Braun, директор на KKR и член на Одборот на директори на URSA. Претходно, до 15 јануари 2016 година, г-дин Dinandt работеше повеќе години како извршен директор на групацијата Braas Monier Building Group S.A., компанија која успешно беше на берзата во Франкфурт во 2014 година.

 

Christian Michel ќе продолжи со своите оперативните одговорности за европскиот пазар како оперативен директор и извршен директор за Европа на URSA. Понатаму, Ве известуваме дека др. Wolfgang Marka е назначен за генерален директор на новоформираната деловна единица Адриа.