Обемната програма за изолациони материјали на URSA е составена од URSA GLASSWOOL, URSA PUREONE, URSA TERRA, URSA XPS и системот на безконтактна и контактната кровна фолија URSA SECO. Палетата на производи на URSA ги покрива сите сегменти на примена на полето на топлинска изолација, звучна изолација и заштита од пожар.

Производите URSA GLASSWOOL се разновидни изолациони материјали од минерална волна со докажан квалитет. Со особено фините еластични влакна тие ги исполнуваат сите барања за модерен изолационен материјал. Тој не е запалив и има извонредни својства на звучна и топлинска изолација. Благодарение на едноставното користење и можноста за прецизно моделирање, URSA GLASSWOOL лесно се обработува.

Уште

Поради својот добар капацитет за топлинска изолација, тврдите изолациони плочи од екструдиран полистирен URSA XPS се карактеризираат со висока цврстина и ниска апсорпција на вода, па затоа тие се особено погодни за надворешни делови и делови изложени на висок притисок, како на пр. периметарска изолација (изолација на надворешни ѕидови на подрум) или изолација на превртен (инвертен) кров.

Уште

Системски компоненти за економични решенија кај кос кров и кај конструкција од лесна градба. Системските компоненти URSA SECO се специјално развиени за оптимизирање на функцијата на топлинската изолација на модерните конструкции на кос кров. Во комбинација со изолационите материјали од минерална волна на URSA се нуди комплетно решение за многу варијанти на изведба на коси кровови.

Уште

URSA TERRA, новата зелена минерална волна е развиена за да ги задоволи највисоките барања за звучна изолација. Таа се карактеризира со својства на влакната со отворена, константна и еластична структура, која е условена од минералните компоненти. Полукрутите, водонепропустливи плочи од минерална волна URSA TERRA се третирани со специјални терморегулациски смоли и поради тоа имаат посебни перформанси при употребата кај сувомонтажни ѕидови и фасади.

Уште

URSA AIR се канали направени од плочи од минерална волна. Плочите што се испорачуваат на палети не само што заштедуваат простор за складирање, туку овозможуваат изработка и изолација на канали во само еден работен чекор. При тоа, една палета одговара приближно на дневниот обем на работа на тим за монтажа составен од три лица.

Уште