Изолација со минерална волна
Што е изолационен материјал?
Изолационен материјал е заеднички термин за сите материјали, што се користат за намалување на преносот на енергија (топлина) и звук (бучава од воздушен шум и ударен звук).
Што е минерална волна?
Минерална волна е изолационен материјал, што се произведува од топен камен, згура и стакло со топење и последователно одвојување на влакната. Во зависност од суровината и процесот на производство, зборуваме за стаклена волна или камена волна. Тие се употребуваат од подрумот до кровот, кај новоградби или при санација на стари градби.
Со што се карактеризира минералната волна?
Минералната волна се карактеризира со исклучиво ниска топлинска спроводливост за оптимална топлинска изолација. Мекиот, еластичен материјал се препорачува и за звучна изолација. Освен незапаливоста на материјалот, во најважните својства се вбројуваат отпорноста на стареење и отпорноста на гниење. Покрај тоа, минералната волна се произведува многу економично. Поради лесното ракување, минералната волна се обработува едноставно и не е штетна за здравјето.
Во каква форма може да ја добијам минералната волна?
Минералната волна може да се купи во форма на плочи или филц (ламела) во ролни. Двете форми може да се прилагодат и монтираат во зависност од полето на примена. Минералната волна може да се најде и во неспакувана форма за вметнување или пополнување на празнини.
Дали минералната волна е запалива?
Не. Минералната волна е класифицирана во Еврокласа А1 според стандардот ÖNORM E 13501-1 и е еден од ретките изолациони материјали што не горат.
Дали со изолацијата со минерална волна може да се намали ризикот од пожари?
Минералната волна е незапалив изолационен материјал и поради тоа има значителен придонес во превентивната заштита од пожар. Во случај на пожар се спречува неговото ширење и обезбедува заштита на луѓето и имотот. Не се создаваат токсични гасови!
Дали може минералната волна да се допира со голи раце?
Да, изолацијата од минерална волна со ознака за квалитет RAL може да се допира со голи раце. Превентивно, при обработката на минерална волна се препорачува да се носат заштитни ракавици и комотна, затворена работна облека и на крај да се измијат рацете.
Дали минералната волна е штетна за здравјето?
Не. Производите од минерална волна со ознака за квалитет RAL не се штетни за здравјето. Сепак, се препорачува превентивна заштита од евентуалната појава на прашина при обработката на материјалот, на пр. со носење ракавици и удобна, затворена работна облека.
Каде може да се користи минералната волна?
Стаклената волна како изолационен материјал има широка примена: може да се користи од подрумот до кровот, кај новоградби и при санација на стари градби. Се изолира секаде каде што филцот или плочите штитат од влага или несакано оптоварување.
Дали изолацијата со минерална волна ги намалува трошоците за греење и дали со тоа може да се редуцира емисијата на штетни материи?
Кај објектите што се добро изолирани со минерална волна е намалена потребата од топлинска енергија поради својството за топлинска изолација на минералната волна. На тој начин се намалува емисијата на загадувачи и одржливо се заштитува животната средина.
Како може да се користи изолацијата од минерална волна?
Изолацијата од минерална волна е особено погодна за изолација на објекти. Се нудат производи за изолација на тавани, внатрешни и надворешни ѕидови и производи за техничка и индустриска изолација.
Дали треба да се преземат посебни мерки на претпазливост при обработката на минералната волна?
Не. Иако изолационите производи од минерална волна што се обележани со ознаката за квалитет RAL во основа не се штетни за здравјето, се препорачува да се носи удобна, затворена работна облека и ракавици при обработката на минералната волна.
Дали воопшто се исплати изолација?
Само преку надворешните ѕидови и кровот на неизолирани објекти се губат скоро 50% од топлинската енергија. Поради тоа потрошувачката на топлинска енергија во објекти што не се изолирани изнесува околу 20 литри масло за греење на m² корисна површина на годишно ниво. Со обемно реновирање оваа потрошувачка може да се намали за 5-7 литри. Изолацијата ја задржува топлината во објектот и на тој начин се заштедува енергија.
Дали премногу изолација доведува до формирање на мувла?
Изолацијата не предизвикува појава на мувла. Мувлата се појавува на ладни површини при висока влажност на воздухот. Но, тоа може да се спречи. Добро изолираните делови доведуваат до повисоки температури на површината. Редовното проветрување овозможува ослободување од прекумерната влажност во воздухот. Ако компонентите се правилно изолирани на површината и во детали ако се прави кратко проветрување наместо кипање на прозорецот, не само што ќе се спречи појавата на мувла туку и загубите на енергија ќе се стават ефикасно под контрола.
Дали ѕидовите со поголема дебелина мора да се изолираат дополнително?
Нека не ве залажуваат масивните надворешни ѕидови! Дебелината не е одлучувачка, туку топлинската спроводливост на градежниот материјал од кој е изграден ѕидот. Старите ѕидови најчесто се изградени од тешки материјали, кои ја спроведуваат топлината кон надвор. Поради тоа тие се карактеризираат со лоша топлинска изолација со коефициент на пренос на топлина (U-вредност) од 1,4 W/(m²K). Според Министерството за економија, транспорт и регионален развој на Хесен мора, на пример, еден надворешен ѕид од полна цигла да има дебелина од 165 cm, за да го постигне дејството на стандардна изолација од 8 cm. Изолацијата може да ја намали загубата на топлина и до 80 проценти.
Дали за производството на изолационите материјали се троши повеќе енергија, од она што подоцна ќе се заштеди?
Голем број на испитувања, на пример од страна на Институтот за пасивни објекти на Дармштат, покажуваат дека за изолациони материјали како полистирен со голема дебелина на изолацијата од 20 cm потребната енергија за производство ќе се заштеди по веќе две грејни сезони. За производите од стаклена волна енергетската амортизација е помалку од една година.
Дали изолацијата воопшто се амортизира?
Според пресметките на Институтот за развој на производи и технологија на опрема (Ipeg) времето на амортизација на изолација на кровната плоча е под 6 месеци, на изолацијата на двослојните ѕидови е седум и на интегрираниот систем за топлинска изолација (WDVS) 18 години. Бидејќи куќите се користат повеќе децении, мора да се размислува долгорочно. Иако одредени мерки за модернизација ќе се исплатат после повеќе години, во идниот период ќе се заштедат сигурни пари. При правење на економската пресметка мора да се земе предвид дека многу мерки за санација порано или подоцна ќе мора да се спроведат, затоа што новите стандарди ќе ги пропишуваат таквите мерки. Затоа првичната инвестиција за енергетски ефикасна санација на објектот не е многу поскапа, затоа што тоа ќе резултира со значителни заштеди. Постојаниот пораст на цените на енергијата ќе направат заштедите на енергија со текот на времето да станат сè поисплатливи. Освен тоа, има многу владини субвенции како финансиска помош.