Услови на употреба

Известување за авторски права

Содржините на оваа веб-страница претставуваат авторско право на друштвото URSA Insulation, S.A. (или нејзините ќерки фирми, ако тоа е назначено и/или даватели на лиценца) со адреса на P˚ de Recoletos, 3 4a planta, 28004 Мадрид, Шпанија, запишано во Трговскиот регистар на Мадрид под “tomo 22.556, libro 0, folio 171, hoja M-403209, Inscripción 1.” Сите права се задржани.

Сите информации на веб-страницата, вклучувајќи текст, слики и аудио записи не смеат умножуваат, пренесуваат, дистрибуираат или снимаат без претходна согласност во писмена форма од URSA Insulation, S.A., освен за чисто приватни цели или ако е поинаку назначено.

Менувањето на содржините на веб-страницата строго се забранува.

Одредени области од веб-страницата содржат слики, кои подлежат на авторските права на лицата што ги доставиле.

 

Трговски марки

Ако не е поинаку наведено на веб-страницата, прикажаните трговски марки, логоата на фирмите и амблемите подлежат на правата на заштитени трговски марки на URSA Insulation, S.A. (или нејзините подружници).

 

Без гаранции или изјави

Информациите на оваа веб-страница се прикажани „такви какви што се“. URSA Insulation, S.A. или URSA Dämmsysteme Austria GmbH не презема никаква одговорност спрема која било страна за директни, индиректни или други последични штети, вклучувајќи и загуба на добивка, прекини во работењето, загуба на програми или други податоци во нивниот информатички систем или други штети поради користењето на оваа веб-страница или други веб-страници поврзани со хиперлинк. Ова важи дури и ако сме експлицитно информирани за можноста за појава на такви штети.

URSA Insulation, S.A. и URSA Dämmsysteme Austria GmbH не дава никаква гаранција и/или изјави за други веб-страници, до кои може да се пристапи преку оваа веб-страница. Таквите гаранции/изјави се даваат само формално и имаат информативен карактер и тоа не значи дека URSA Insulation, S.A. или URSA Dämmsysteme Austria GmbH се согласува со содржината или користењето на која било страница или дека презема некаква одговорност за нив на каков било начин. Понатаму, вие сами треба да преземете мерки на претпазливост, за да се уверите дека вашиот избор нема компјутерски вируси, црвчиња, тројански коњ и други штетни компоненти.

Информациите на оваа веб-страница може да содржат технички или печатни грешки.

Информациите на оваа веб-страница може да бидат сменети во секое време без претходна најава и без никаква одговорност.

Информациите објавени на оваа веб-страница може да содржат упатувања или референци за производи и услуги на URSA Insulation, S.A, коишто не се објавени или достапни во Вашата земја. Точноста на овие информации не може да се гарантира, затоа што таквите информации се предмет на промени или на одредени барања или на достапност и таквите референци не значат дека URSA Insulation, S.A има намера да ги објави таквите производи, услуги и сл. во Вашата земја. Ако Ви се потребни повеќе информации за производите и услугите, што Ви се достапни за нарачка, обратете се на локалниот дистрибутер.

 

Коментари, прашања и предлози

Имајте предвид дека сите информации, непобарани предлози, идеи и другите пораки не се третираат како доверливи информации и не се заштитени со авторски права. Со испраќањето на информации или материјал, на компанијата URSA Dämmsysteme Austria GmbH и на URSA Insulation, S.A. им давате неограничена и неотповиклива дозвола за користење, умножување, прикажување, издавање, обработка и пренесување на таквите материјали или  информации и се согласувате дека URSA Dämmsysteme Austria GmbH и URSA Insulation, S.A. можат да ги користат за каква било намена испратените идеи, концепти, стручно знаење или техники.

 

Специјални софтвери, што се достапни на нашата веб-страница

Секој софтвер, што може слободно да се преземе од оваа веб-страница (во понатамошниот текст: софтвер), е заштитен со авторско право на URSA Insulation, S.A. (или некоја од нејзините подружници) или/или нејзините добавувачи.

Користењето на софтверот подлежи се регулира со одредбите на Договорот за лиценца со крајниот корисник, кој претставува прилог или составен дел на софтверот (во понатамошниот текст: Договор за лиценца). Ако не е поинаку утврдено во Договорот за лиценца, софтверот е достапен за преземање исклучиво за употреба од страна на крајниот корисник. Каква било репродукција или редистрибуција на софтверот, што не е во согласност со Договорот за лиценца, може како последица прекршочна или кривична санкција.

Без ограничување на горенаведеното, секое копирање или умножување на софтверот на друг сервер или на друго место за цели на понатамошна репродукција или дистрибуција е најстрого забрането. Гаранцијата за софтверот, ако постои, се дава само во согласност со одредбите на Договорот за лиценца. Освен гаранцијата од Договорот за лиценца, се исклучува секаква друга гаранција во однос на софтверот, вклучувајќи имплицирана гаранција за правни и предметни недостатоци, погодноста на производот за одредена цел или за повреда на правата на трети лица од страна на URSA Dämmsysteme Austria GmbH или URSA Insulation, S.A.

 

Контакт

Ако имате дополнителни прашања за горенаведените теми, слободно обратете се во секое време на URSA Dämmsysteme Austria GmbH преку страницата за контакт на URSA Dämmsysteme Austria GmbH.

 

Состојба: јануари 2016