Највисок квалитет за највисок задоволството на клиентите - во согласност со оваа филозофија, вработените во URSA размислуват и дејствуваат. Само тогаш кога нашите клиенти се задоволни сме ја постигнале нашата цел.
По спојувањето на двата европски производители на изолациони материјали Pfleiderer и Poliglas, од 2003 година URSA Macedonia е синоним за концентрација на експертиза на домашниот пазар на изолациони материјали. Како подружница за продажба и дистрибуција на шпанската компанија URSA Insulation, во Австрија се појавува како еден од водечките европски производители на изолациони материјали.
Од една страна нашите клиенти имаат придобивки од нашето повеќедецениско искуство во областа на изолациони материјали, а од друга страна од меѓународната мрежа на компании.
Компанијата URSA Macedonia е со седиште во Виена.
Со повеќе од 1800 вработени во 13 производствени погони и околу 40 продажни места, URSA е присутна во Европа, Блискиот Исток и Северна Африка. Со повеќе од 60 години искуство и со обрт од 450 милиони евра, денес URSA е еден од водечките европски производители на изолациони материјали.
Минералната волна на URSA се произведува во Шпанија, Франција, Белгија, Германија, Словенија, Полска и во две фабрики во Русија.
Фабриките на URSA за производство на XPS се сместени во Германија, Франција, Шпанија, Италија и Русија.
Xella Group is a leading, internationally operating solution provider of building materials and related industries, is headquartered in Duisburg/Germany, with 95 plants in 20 countries and sales organizations in more than 30 countries. In many of its markets Xella holds leading positions.
The success of Xella is based on strong brands in the premium segment, a superior service portfolio, a solid business model, and systematically expanded cost leadership.
With its Ytong, Hebel and Silka brands, Xella is one of the world's largest manufacturers of autoclaved aerated concrete and calcium silicate units. The Multipor brand stands for non-flammable mineral insulation boards. Fermacell and Fermacell Aestuver provide dry lining and fire protection solutions while Fels is one of Europe's leading producers of lime and limestone products.
Xella’s products are sustainable both in manufacture and use. Therefore, they make an important contribution to the construction of energy-efficient, high-quality buildings, and consequently to environmental protection and the conservation of resources.
URSA е модерна компанија со повеќе од 60 години искуство на полето на изолациони материјали.
Од една страна почетоците на производителот на изолациони материјали датираат уште во 1949 година, кога е формирана компанијата POLIGLAS во Шпанија, а од друга страна во 1955 година, годината кога е формирано друштвото Dämmstoff Held GmbH во Германија. Во 1988 година шпанската групација Uralita ја презема компанијата POLIGLAS. Во 1991 година компанијата Pfleiderer почнува да работи во Германија во областа на изолациони материјали.
Двете компании растеа паралелно - POLIGLAS се развиваше во Западна Европа преку изградба на нови фабрики, додека Pfleiderer се прошири во Источна Европа сè до 2002 година, кога групацијата Uralita го купи од Pfleiderer делот со изолациони материјали.
URSA официјално беше формирана во 2004 година. Оттогаш компанијата се зголеми и денес со своите 13 производствени погони и околу 40 продажни места во Јужна, Западна и Источна Европа и Русија се вбројува во еден од водечките производители на изолациони материјали.
Хронолошки преглед
Ставен е камен темелник
Семејството Masiá Mas-Bagá (Шпанија) го основа POLIGLAS и се специјализира во областа на природно греење и формирање на термопласти.
Се основа Dämmstoffe Held
Фирмата Dämmstoffe Held GmbH е основана во Динслакен (Германија).
POLIGLAS влегува во бизнисот со изолациони материјали
POLIGLAS за првпат влегува во бизнисот со изолациони материјали и почнува да произведува, што претставува експандиран полистирен. Првата подружница е формирана во 1973 година, а подоцна во 1976 следуваше уште една по Севилја.
Dämmstoffe Held гради фабрика за стаклена волна
12 години по основањето, Dämmstoffe Held GmbH гради фабрика за стаклена волна во Везел (Германија).
Poliglas ја гради првата фабрика за стаклена волна
Првата фабрика за стаклена волна на POLIGLAS е изградена во Ел Пла де Санта Мариа (Тарагона, Шпанија) и производството го започна под брендот GLASCOWOOL.
Се основа POLIGLAS, S.A. France
POLIGLAS, S.A. France се основа со подружница во Тулуза. Со тоа компанијата прави голем чекор во правец на меѓународна експанзија.
Изградена е првата фабрика за XPS
Првата фабрика на POLIGLAS за екструдиран полистирен (XPS) е исто така изградена во Ел Пла де Санта Мариа (Тарагона, Шпанија) и веднаш потоа започнува со производство на брендот GLASCOFOAM.
Групацијата Uralita го купува POLIGLAS
Групацијата Uralita, водечкиот шпански производител на градежни материјали, ко купува POLIGLAS, а со тоа и неговото деловно работење со изолациони материјали.
Pfleiderer исто така влегува во бизнисот со изолациони материјали
Германската компанија Pfleiderer AG го проширува своето портфолио на производи преку купување на производителот Dämmstoffe Held GmbH со седиште во Везел (Германија).
Pfleiderer купува фабрика за стаклена волна во Словенија
Pfleiderer се проширува и ја купува фирмата KRKA Novoterm d.o.o., словенечка компанија со сопствена фабрика за стаклена волна во Ново Место. KRKA има голем удел на пазарот на поранешна Југославија и испорачува стаклена волна во Италија и Австрија.
Брз раст на Pfleiderer и консолидирање на пазарот со POLIGLAS
POLIGLAS се претставува во Германија и Италија преку основање на локалните подружници POLIGLAS GmbH и POLIGLAS Srl.
Pfleiderer ја купува Isoglass N.V., белгиска компанија со фабрика во Деселгем и подружници во државите на Бенелукс, Франција и Велика Британија. Pfleiderer исто така отвори и фабрика за стаклена волна во Делич (Германија).
Нова фабрика за стаклена волна во Русија
Pfleiderer се шири со купување на фабрика за стаклена волна во Чудово (Русија), изградена од компанијата Mehr & Held GmbH, која е подружница за инженерски услуги на веќе споменатата Dämmstoffe Held GmbH.
Pfleiderer ги зголемува производствените капацитети. POLIGLAS гради втора фабрика за XPS
Како резултат на порастот на пазарот се зголемуваат производствените капацитети на фабриките во Ново Место (Словенија) и Деселгем (Белгија). Во исто време во Полска се основа фирмата Pfleiderer TechnikaI zolacyjna Polska како подружница за продажба.
POLIGLAS гради втора фабрика за XPS во Квајс (Германија).
POLIGLAS влегува во бизнисот со камена волна
POLIGLAS продолжува со стратегијата за експанзија и ја купува фабриката Isolyth Rt. во Таполка (Унгарија). Poliglas го претставува производот од камена волна GLASOROCK.
Pfleiderer отвора канцеларија за продажба во Киев (Украина).
Нова фабрика за стаклена волна и нова меѓународна канцеларија за продажба
Во Сент Аволд (Франција) е основана фирмата POLIGLAS France Industrie S.A. и таа го трасира патот за изградба на нова фабрика за стаклена волна во Франција.
Во истата година се основани и компаниите POLIGLAS Ltd. Во Лондон (Велика Британија) и POLIGLAS Dämmsysteme GmbH во Франкфурт (Германија).
POLIGLAS ја купува Fibraver, додека Pfleiderer пушта во работа две нови фабрики за стаклена волна
POLIGLAS слави 50-годишен јубилеј и во таа година ја купува компанијата Fibraver и фабрика за стаклена волна во Бокер (Франција).
Pfleiderer купува фабрика за стаклена волна во Салготарјан (Унгарија), додека пак фабриката во Домброва Горнича (Полска) веќе започна со производство.
Фабриката во Сент Аволд започнува со производство
Новата фабрика на POLIGLAS во Сент Аволд (Франција) започнува со производството на стаклена волна.
Pfleiderer се шири во Русија
Pfleiderer одлучи да изгради втора фабрика за стаклена волна во Серпухов (Русија).
Групацијата Uralita го купува деловното работење со изолациони материјали од Pfleiderer
Uralita го купува бизнисот со изолациони материјали од Pfeiderer.
POLIGLAS започнува со развојот на Јадранскиот проект во врска со изградбата на фабрика за производство на XPS во Бондено (Италија).
Зголемување на капацитетите во Бондено
POLIGLAS инсталира втора производствена линија за да ги зголеми капацитетите на веќе изградената фабрика во Бондено (Италија).
URSA добива нов имиџ
Со спојувањето на POLIGLAS и Pfleiderer настанува URSA како нова компанија со експертизата на двете претходни компании. Се развива имиџот и логото на компанијата. Паралелно се презентираат новите брендови. Основните производи се URSA GLASSWOOL и URSA XPS.
Зголемување на капацитетите во Серпухов
URSA гради втора производствена линија во својата фабрика во Серпухов (Русија).
Нова фабрика за XPS во Сент Аволд
Се зголемува капацитетот на фабриката за стаклена волна во Делич (Германија).
URSA гради фабрика за производство на XPS на веќе постојната производствена локација во Сент Аволд (Франција).
100 години Uralita, нова фабрика за XPS во Русија и понатамошно зголемување на капацитетите
Групацијата Uralita го прославува својот 100-годишен јубилеј (основање во 1907 год.). Во Серпухов (Русија) се гради петтиот производствен капацитет за XPS на URSA, додека капацитетот на фабриката за стаклена волна во Сент Аволд (Франција) се зголемува.
Купување на фабрика за стаклена волна во Турција
Проширувањето на URSA надвор од границите на Европа продолжува. Таа го откупува бизнисот со стаклена волна од Ozpor, чија фабрика е сместена во Полатли (Анкара, Турција).
Претставување на иновативниот изолационен материјал PureOne
URSA го презентира премиум производот PureOne, првата природно бела високо-технолошка минерална волна во Европа. Според стратегијата на компанијата, PureOne е една од најиновативните и најодржливите производствени линии. PureOne дава позитивен придонес во подобрувањето на воздухот во затворени простории. Во истата година се презентира и URSA TERRA, нова минерална волна со одлична звучна изолација.
URSA GEO се претставува на меѓународно ниво
URSA го претставува иновативниот производ URSA GEO. Тој нуди најдобра топлинска и звучна изолација како незапалив производ.
PureOne добива неколку европски награди
Во минатото URSA има добиено многу награди и признанија, но ниту еден производ не е повеќе меѓународно поздравен од PureOne. Природно белата минерална волна собира награди во цела Европа, а меѓу другото награда за иновативен производ на саемот за градежништво BAU 2011 (Германија), сертификатот Green Brand Innovation (Полска) и признание од крајните потрошувачи (Франција). Се зголемува капацитетот на фабриката за производство на XPS во Квајс (Германија).
URSA Insulation добива уште една еколошка декларација на производи
URSA Deutschland добива еколошка декларација на производите по извршеното испитување согласно стандардите на IBU (Институт за градежништво и животна средина).
Нова награда за производ на годината во 2012
Читателите на списанието „dachbaumagazin“ го избраа изолациониот материјал со високи перформанси PureOne на URSA за производ на годината во 2012 год.
Почеток со производството на XPS по земјотресот во Италија
Фабриката за URSA за производство на XPS во Бондено (Италија) повторно почнува со производство по долгите градежни работи. Фабриката беше комплетно уништена од силен земјотрес, што се случи на 20.05.2012 во регионот Ферара.
Нов корпоративен имиџ за URSA
По повеќе од 10 години постоење на брендот, се обновува корпоративниот дизајн во URSA. Нашите ознаки на брендот т.е. двете поларни мечки остануваат и понатаму. Како симбол за заштита на животната средина тие ги отелотворуваат основните вредности на URSA: благосостојба, блискост и човечност.
URSA becomes part of the Xella Group
Xella International GmbH acquires URSA, which continues operating as an independent business unit. Thus, URSA completes Xella’s portfolio of mineral based building materials creating opportunities to combining products of the new brand family to innovative solutions.
Голем напредок во одржливоста
УРСА ја постави својата динамика од 2030 година со цел да придонесе за постигнување на Целите за одржлив развој (SDGs) и да го подобри еколошкото и општественото работење со една цврста определба и циркуларна економија. ESG (еколошки, општествен и управувачки) проектот ги дефинира контурите на работа со кои компанијата одлучно ќе се справува во наредните години.
Групацијата Етекс
На почетокот на годината, беше најавена интеграцијата на УРСА во Етекс која е голема Европска групација, со што ќе се овозможи на компанијата да ги продолжи своите маржи на раст и силна посветеност кон одржливоста, што всушност и се спроведуваше во последниве години. Со спојувањето, групацијата Етекс ја потврдува својата одлучност да стане светски лидер во лесна и модуларна градба.
Одржливиот развој е и треба да биде важна тема во нашиот живот.
Топлина, сигурност и благосостојба – тоа се основните потреби на луѓето и движечката сила на нашето деловно работење.
Нашите иновативни производи од изолациони материјали обезбедуваат енергетска ефикасност во зградите, со што го подобруваме квалитетот на живот на луѓето и ја заштитуваме нашата животна средина. Како ниту еден градежен материјал досега, производите за енергетска ефикасност на URSA ги штедат вредните извори на енергија, ги намалуваат емисиите на CO2 на одржлив начин и истовремено придонесуваат за удобност во живеењето.
URSA придава големо значење на високи стандарди за заштита на животната средина. Сите производствени процеси на компанијата се оптимизирани за да се намалат можните влијанија врз животната средина на апсолутен минимум. Екстракцијата и преработката на суровините, како и управувањето со отпадот, потрошувачката на енергија и емисијата на загадувачки супстанции влијаат на таквите мерки. Тоа се задачи, кои стануваат сè поважни во иднина.
Компанијата URSA се залага за иновативни производи и висок квалитет. Со нашите основни производи т.е. минерална волна, екструдиран полистирен и фолии ги покриваме сите сегменти на примена во областа на топлинска и звучна изолација.
За тоа придонесуваат вработените на URSA со своето знаење, посветеност и иновативност. Тоа ни овозможува постојано да развиваме нови производи и услуги, што се прилагодени на индивидуалните барања на нашите клиенти.
URSA е Вашиот партнер за заштеда на енергија, топлинска и звучна изолација со решенија со минерална волна и XPS, поткрепено со одлична продажба, ефикасен синџир на снабдување и страста на сите наши вработени.
Одржливиот развој е и треба да биде важна тема во нашиот живот.
Глобалните климатски промени фокусот го ставија на емисијата на CO2 и ефикасното користење на ограничените постоечки извори на енергија, кои многу побрзо се трошат отколку што се обновуваат.
Во текот на една година нашата планета има ограничен потенцијал за обновување на ресурсите што ги трошиме и за прифаќање на отпадот што го произведуваме. Во моментот на природата ѝ се потребни 16 месеци за да го обнови она што ние го трошиме во 12 месеци. Тоа значи дека ние трошиме од ресурсите на идните генерации.
Во Протоколот од Кјото и во рамките на Климатската и енергетската политика до 2030 и 2050 год. Европската Унија презема долгорочни енергетски иницијативи. Тоа значи дека сега е неопходно да се преземат итни мерки за да може да се достигнат целите и да се задоволат потребите на идните генерации.
Бидејќи најголемиот дел од енергијата се троши за згради (40% за згради наспрема 32% за сообраќај и 28% за индустријата), напорите се концентрирани на намалување на потрошувачката на енергија во оваа област.
Нашите згради вообичаено се користат многу долг период. Затоа само следењето во текот на цел еден животен циклус може да даде информации за фактичкиот квалитет на една зграда.
Критериуми за одржливост
Одржливоста е холистички пристап, земајќи ги предвид 3 столбови на одржливоста (објект – еколошки, економски и социо-културен квалитет) и нивната интеракција едни со други.
Од овие 3 димензии се изведуваат различни критериуми за градежната индустрија.
Кај еколошкиот квалитет предвид се зема потрошувачката на ресурси (на пример потрошувачка на суровини и енергија) и нејзиното влијание врз животната средина (на пример глобално затоплување, озон).
Кај економскиот квалитет предвид се земаат пред сè трошоците за изградба, користење и уривање/демонтажа.
Кај социо-културниот квалитет предвид се земаат дизајнот, естетиката и достапноста, но и здравјето и удобноста.
Како многу други организации и компании, така и URSA како компанија што е свесна за животната средина и одржливоста, сака да заеме став против климатските промени. Изолационите материјали на URSA имаат позитивно влијание врз сите 3 главни критериуми за одржливост.
На пример, за URSA PUREONE тоа значи:
- производ што главно се состои од рециклирано стакло (штедење на природните ресурси);
- производот нуди одлична топлинска изолација (намалување на потрошувачката на енергија при користењето)
- производот користи еколошко акрилно врзивно средство на база на вода (подобрување на квалитетот на воздушниот простор).
Производите на URSA влијаат на голем број индивидуални критериуми и со тоа ја подобруваат одржливоста на зградата.
Животен циклус (анализа на животен циклус)
Во рамките на анализата на животниот циклус се стреми кон оптимизација на сите фактори во целиот животен циклус на една зграда – значи од екстракција на суровини, преку изградба и користење до уривање/демонтажа.
Еколошка декларација на производ (EPD)
Влијанијата на градежните производи врз одржливоста на зградите се опишани во еколошката декларација на производот. Декларацијата дава информации за користењето на енергија и ресурси и за тоа во која мера производот придонесува за ефектот на стаклена градина, закиселување, еутрофикација, уништување осиромашување на озонската обвивка и формирање на смог. Освен тоа, содржани се и податоци за техничките карактеристики, што се потребни за процена на перформансите на градежниот производ во зградата, како што се животен век, топлинска изолација и звучна изолација или влијанието врз квалитетот на воздухот во затворени простории.