Зошто изолација?

Употребата изолацијата на URSA обезбедува ништо да не тргне наопаку. Нашиот сектор за квалитет работи напорно за да обезбеди усогласеност со најстрогите стандарди за квалитет.

Топлинска изолација и заштеда на енергија

Топлинската изолација на еден градежен материјал е толку подобра, колку што е помала неговата топлинска спроводливост, односно Ламбда вредноста (λD). Минералната волна и производите од XPS на URSA имаат особено низок коефициент на топлинска спроводливост.

При користење, тоа доведува до подобрување на U-вредноста на компонентата. U-вредноста претставува технички параметар за енергетскиот квалитет на една компонента. При тоа важи следново: топлинската изолација е толку подобра, колку што е пониска U-вредноста. На тој начин се сопира загубата на енергија и сметките за потрошена енергија значително се намалуваат.  

Пропратен ефект на топлинската изолација е многу повисока внатрешна површинска температура. Тоа само по себе има многу позитивни страни:

  • Ако се зголеми површинската температура, се намалува опасноста од кондензација и формирање на мувла во зимскиот период.
  • Ако се зголеми површинската температура, се зголемува и факторот на удобност во просторијата.


Ниската топлинска спроводливост на изолационите материјали на URSA се грижат и за тоа во летниот период да спречат влегување на топлината во зградата. Тоа значи дека ефектот во зима едноставно се врти – топлината не се пушта во куќата.

Основа за тоа е добро изолирана компонента. За да се зголеми летната топлинска изолација, одлучувачки се и други фактори:

  • Димензии, ориентација и енергетска пропустливост (g-вредност) на прозорците
  • Ефикасност на ролетните за заштита од сонце (особено да се земе предвид кај кровните прозорци)


Правилно функционирање на вентилацијата (вентилација особено во 2. половина од ноќта).

Акустичен комфор

Секојдневно сме изложени на илјадници звуци. Некои ни се допаѓаат, а некои не.

Поради својата еластичност, изолационите материјали од минерална волна на URSA покрај одличната топлинска изолација, нудат и звучна изолација. Поради тоа може да се користат како звучна изолација од бучава од воздушен шум помеѓу простории или од надворешна бучава.

Со изолацијата од минерална волна на URSA може, на пример, кај ѕидовите од лесна градба без проблем да се надмине димензијата на звучната изолација на масивни преградни ѕидови со иста дебелина. Исто така се употребуваат и кај кос кров како изолација помеѓу роговите на кровот за значително намалување на надворешната бучава, што е резултат, на пример на сообраќај, воздушен сообраќај или дожд.

Изолационите материјали од минерална волна на URSA може да се користат и за подобрување на акустиката. Акустичните панели ги апсорбираат несаканите звуци во просторијата.

Супериорни перформанси на пожар

Од безбедносни причини заштитата од пожар игра важна улога кај објектите. Употребата на минералната волна на URSA исполнува многу високи стандарди за безбедност во случај на пожар.

Кога станува збор за пожар, постојат две клучни дефиниции што се многу различни:

Реакција на пожар
Реакцијата на пожар е карактеристика на градежните материјали и таа се изразува во класи од A1 до F. Сите производи од минерална волна на URSA се незапаливи (A1, A2, s1 - d0) и со тоа ги исполнуваат највисоките барања. 

Отпорност на оган
Отпорноста на оган е карактеристична особина на еден структурен елемент и таа покажува во колкав временски период тој елемент ја достигнува бараната цел за заштита. Најчесто во градежништвото се опишуваат карактеристиките R– капацитет на носивост, E- интегритет и I- изолација. Цифрите го означуваат временскиот период во минути, во кој се одржува капацитетот: 15, 30, 45, 60, 90, 120, 180, 240.

Затоа производите од минерална волна на URSA може да се користат како превентивна заштита од пожар (не формираат чад и распламтени капки).

Удобност на внатрешниот простор

Изолационите материјали од минерална волна на URSA имаат позитивен придонес во здрава внатрешна клима.

Сите производи за внатрешна монтажа на URSA се обележани со доброволната еколошка ознака со син ангел – „ниска емисија“. Еколошката ознака се доделува на такви материјали за топлинска изолација, кои согласно законските одредби се произведуваат со ниска содржина на штетни материи и се безбедни во животната средина од аспект на здравјето на луѓето.

Освен тоа, сите производи за внатрешна монтажа го имаат сертификатот на Eurofins - INDOOR AIR COMFORT GOLD. Сертификатот, што важи во цела Европа, потврдува дека се исполнети највисоките доброволни стандарди во ЕУ во однос на емисии во воздухот во затворени простории.

URSA_at_eurofins_goldUZ-132-F_neu

Енергетска ефикасност

Дали некогаш сте размислувале за тоа за колку податоци разговарате кога купувате мобилен телефон, компјутер, телевизор или други технички уреди? Или на пример кога купувате автомобил?

Во овој случај спецификацијата со технички податоци e исто така многу долга и служи како алатка за споредување на слични модели, што најверојатно помага во изборот.

Автомобилот е превозно средство и потрошувачката на гориво е важен фактор во донесувањето одлука. Колку е помала потрошувачката на гориво, толку се помали трошоците и ако поминувате многу километри годишно, тогаш овој фактор за трошоците е многу важен.

Потрошувачката на енергија во објектите се пресметува на сличен начин. Пресметката се прави земајќи ја предвид површината за греење во смисла на квадратни метри, а не во број на километри, ако станува збор за топлинска енергија.

Тој број се вика коефициент на топлинска енергија, служи како податок за потрошувачката на гориво за автомобили, како и за проценка за очекуваната годишна потрошувачка на топлинска енергија. Колку е понизок тој коефициент на топлинска енергија, толку пониска е и очекуваната потрошувачка на енергија, како на пример нафта за греење, гас или биомаса.

Овој факт е валиден, имајќи предвид дека загубата на топлина ќе се предизвика во рамките на очекуваниот обем, во зависност од однесувањето на потрошувачите.

Техничките прописи го утврдуваат потребниот минимален стандард за топлинска изолација на објекти и тој мора да биде пропишан во врска со топлинската изолација на објектите. Тоа значи дека во пракса не постои пречка за подобра топлинска изолација во објектите од она што го предвидуваат прописите. Напротив, коефициентот на топлинска енергија, како и постојано растечките трошоци за потрошената енергија ќе се намалат, како што е случај со подобро изолираните објекти.

Горниот аргумент важи, ако објектот има соодветна вентилација и правилно проектиран и произведен систем за греење.

 

Без оглед на наследство, подарок, игри на среќа и лотарија, каде постојат мали шанси за успех, постои едноставен реципрочен начин за постигнување на сопствените финансиски цели:

Зголемување на доходот, што значи повеќе работа, а помалку слободно време и на тоа како последица се јавува понизок квалитет на личните односи или намалување на трошоците, што обично е поврзано со жртвување. Но тоа не мора секогаш да биде случај!

Трошоците за греење мора да се покријат, во спротивно ќе смрзнеме. Во случај кога објектите не се загреваат оптимално, на ѕидовите се појавува кондензација. Влагата од кондензацијата предизвикува формирање на мувла, што предизвикува оштетување на малтерот и на објектот, а исто така е штетна и по здравјето.

 

Во целина, влијанијата се негативни во поглед на трошоците.

Добрата страна на трошоците за греење е што тие може да се намалат со релативно едноставни мерки – на пример, со доволен обем на топлинска изолација, која е изработена со добар квалитет.

Овој потенцијал за заштеда е многу корисен, особено во случаи на стари и недоволно изолирани или неизолирани објекти, кои се изградени во согласност со ниски стандарди за топлинска изолација.

Снимањето на енергетските текови овозможува проценка на потенцијалот за заштеда и ги утврдува можните соодветни мерки за нејзино спроведување. Препорачливо е за нови објекти да се процени потрошувачката на енергија во рамките на објектот уште при самото проектирање во однос на коефициентот на енергетската вредност. Тоа значи највисоката очекувана потрошувачка на метар квадратен од површината што се загрева. Во овој случај се утврдува заштедата на енергија во однос на вредноста на потрошувачката, која пак се пресметува во согласност со неопходните унифицирани стандарди.

 

Потребно е да се земат предвид следните фактори:

Цените на енергијата се зголемуваат и тоа ќе продолжи и во иднина поради различни причини: барање за намалување на загадувањето на животната средина, зголемена потрошувачка на енергија, пресушување на одредени извори на енергија и сл.

 

Реалната вредност на пензиите се намалува. Како резултат на тоа ние мораме да обезбедиме наш сопствен незадолжителен пензиски систем.

Незадолжителната пензија (необврзувачка пензија) може да се постигне без многу жртвување. Од една страна преку инвестиција во приватен, сигурен и профитабилен план т.е. „куќа што штеди енергија“, Откако ќе заврши периодот на инвестицискиот кредит (околу 4 години), заштедата што досега се користела за покривање на трошоците за греење, може да се инвестира во нови извори на приходи.

Инсталација

Минералната волна на URSA е изолационен материјал, што се користи многу едноставно и поради неговите карактеристики тој се обработува брзо и лесно:

Еластичната природа на материјалот овозможува целосно пополнување на празнини и избегнување на топлински и акустични мостови. Со тоа значително се подобрува капацитетот за топлинска и звучна изолација.  

Висока компресибилност, што го прави транспортот до градилиштето и ракувањето материјалот едноставно и брзо.

Со материјалот се ракува лесно и мерењето при сечење не одзема време. Испитувањата направени во Австрија покажуваат дека употребата на стаклена волна заштедува и повеќе од 40% од времето за инсталација во споредба со изолационите производи со поголема густина, што не се компримираат.

Одржловост

Изолационите материјали на URSA се произведуваат еколошки и се штедливи на ресурси. Целиот производствен процес е сертифициран согласно DIN EN ISO 14001 „Управување со влијанијата врз животната средина“.

Стаклената волна е составена од 90% природни минерални суровини, како на пример песок. URSA PUREONE се произведува со користење на повеќе од 50% рециклирано стакло. Со тоа се штедат вредните ресурси на земјата.

URSA XPS се прави во форма на пена исклучиво со CO2 што не е штетен за животната средина и содржи воздух како гас со кој се исполнуваат ќелиите. Производството се врши со голема употреба на рециклирани материјали.

Производите на URSA имаат особено ниска топлинска спроводливост и поради тоа се особено погодни за топлинска изолација во објекти од високоградба. Со нивното користење трајно се намалуваат енергетските потреби на објектот. Ова се смета за најекономско и најефикасно решение за намалување на емисиите на CO2 во нашите објекти. Со тоа нашите изолациони материјали активно придонесуваат за заштита на климата и дополнително ја подобруваат топлинската изолација, звучната изолација и заштитата од пожар.

 

Сертификација

Употребата на изолационите материјали на URSA гарантира дека ништо не може да тргне наопаку. Нашиот оддел за контрола на квалитетот работи напорно за да обезбеди усогласеност со најстрогите стандарди за квалитет. Сите наши фабрики се сертифицирани согласно ISO 9000 со што се гарантира највисоко ниво на перформанси во секој процес.

 

 

Син ангел

Производите URSA PUREONE, URSA GLASSWOOL, URSA TERRA ги исполнуваат високите барања на ознаката за квалитет „Син ангел – ја штити животната средина и здравјето – ниска емисија“. Особено во затворени простории, употребата на производи што се безбедни за здравјето е особено важно. Тие се произведени согласно законските прописи со ниска содржина на штетни материи и имаат позитивно влијание на квалитетот на воздухот во затворен простор. Покрај тоа, при означувањето се зема предвид квалитетот на производот во однос на топлинската и звучната изолација.

 

Ознака CE

Изолационите материјали од минерална волна URSA PUREONE, URSA GLASSWOOL и URSA TERRA се произведуваат, испитуваат и означуваат согласно европскиот стандард ÖNORM EN 13162. Сообразноста на производите со барањата на стандардот за производи е докажана согласно ÖNORM EN 13172 и со тоа се стекнаа со право за добивање на ознаката CE.

Изјавите за карактеристиките на производот на URSA може да се најдат на интернет преку бројот на изјавата за карактеристиките.

Отворете ја веб-страницата http://dop.ursa-insulation.com/ и целосно и без празни места внесете го бројот на Изјавата (на пр. 49XPSN3013071) во предвиденото поле. Притиснете „Query“. Изјавата за карактеристиките на производот може да ја симнете во PDF формат. На крај одберете го јазикот на почетната страница на документот. Ќе се прикаже важечката Изјава за својствата на производот.

 

 

 

Сертификат EUCEB

Сертифициран според ÖNORM EN ISO 9001

Производите на URSA поседуваат и сертификат издаден од Европското сертификационо тело за производи од минерална волна (EUCEB) — документ со кој се потврдува дека изолацијата е произведена во согласност со стандардите од Забелешката Q од Регулативата (ЕЗ) бр. 1272/2008.

 

 

 

Ознака за квалитет RAL

Изолационите материјали од стаклена волна на URSA се безбедни за здравјето, може да се обработуваат без преземање на дополнителни мерки за заштита при работа и се означени со ознаката за квалитет RAL “Производи од минерална волна“.

 

 

Eurofins INDOOR AIR COMFORT GOLD

URSA PUREONE не содржи формалдехид и други испарливи компоненти (VOC). Тој ги исполнува и законските и највисоките доброволни гранични вредности за емисија на производи. Со тоа URSA PUREONE ги исполнува најстрогите барања за доделување на сертификатот Indoor Air Comfort Gold од Eurofins.

Приозводство URSA GLASSWOOL

Минералната волна е изработена од природни материјали како варовник, базалт, доломит, фелдспат, песок и рециклирано стакло. Овие суровини ќе бидат достапни и во иднина во доволни количини. Материјалот се топи на температура од околу 1400°C и се сука. За стабилизација на изолациониот материјал се додава врзивно средство во мали количини (околу 5%).

На производот URSA PUREONE, на пример, му се додава еколошко акрилно врзивно средство на база на вода, кое не содржи ниту вештачки бои ниту органски состојки.

Video link Production URSA GLASSWOOL

Производство URSA XPS

URSA XPS се произведува согласно најновите технолошки сознанија. Изолационите плочи од тврда пена од екструдиран полистирен URSA XPS N (Natur) се пенат исклучиво со CO2. Тие не содржат стакленички гасови FCKW, HFCKW и HFKW.

Video link Production URSA XPS