URSA нуди квалитетни производи од прва рака наменети за сите сегменти на користење во областите на топлинска изолација, звучна изолација и заштита од пожар. Без разлика дали станува збор за високоградба, нискоградба, кров, ѕид или под, со нашите основни производи од минерална волна, екструдиран полистирен и фолии, URSA нуди сеопфатни решенија за речиси секоја работна задача.
Практичноста и удобноста во сопствените домови почнува најгоре, на кровот, бидејќи овде може одржливо да се намалат загубата на топлина во зима и прегревањето во лето. Природните изолациони материјали од минерална волна се докажаа како најдобри. Тие штитат од топлина и студ и од бучава и оган.
Уште
Најчесто рамните кровови се изведени како „топол кров“, кај кој хидроизолацијата на кровот (на пр. со чакал) претставува горниот функционален слој на кровната конструкција. Слојот е изложен на екстремни температурни флуктуации и/или УВ зрачење, кои може да доведат до ослабување на хидроизолацијата поради замор на материјалот.
Уште
Оптималната изолација на кровот обезбедува повеќе удобност и заштеда на скапата енергија. Во зависност од конструкцијата, освен топлинската изолација, може да се подобрат и звучната изолација и заштитата од пожар. Со своите производи од минерална волна со докажан квалитет URSA ги нуди следниве решенија.
Уште
Сувата градба нуди различни можности за слободно и флексибилно дизајнирање на просториите. Таму нема појава на влажност на градежен материјал. Со лесните преградни ѕидови може да се изведат тесни конструкции што ги исполнуваат високите барања за звучна изолација и заштита од пожар. Филцот за преградни ѕидови на URSA е незапалив.
Уште
Покрај кровот, надворешните ѕидови на објектот се површините со најголем потенцијал за подобрување на енергетската ефикасност. За да се избегне загуба на топлина и енергија тие треба да бидат оптимално изолирани за да обезбедите удобност во вашиот дом и во зима и во лето. Природните изолациони материјали од минерална волна се докажаа како најсоодветни за постигнување на таа цел.
Уште
Оптималната изолација на подните конструкции придонесува за поголема удобност и заштеда на енергија. Во зависност од конструкцијата, освен топлинската изолација може да се подобри и звучната изолација. Со своите докажани производи од минерална волна и екструдиран полистирен URSA ги нуди следните решенија.
Уште
Сè почесто подрумските простории се користат како простории за живеење или работа и затоа се греат. За да се спречи загубата на енергија во овие случаи преку надворешните делови што се во допир со земјата, како ѕидовите и подот на подрумот, Регулативата за енергетска ефикасност пропишува барања за топлинска изолација.
Уште