Покрај кровот, надворешните ѕидови на објектот се површините со најголем потенцијал за подобрување на енергетската ефикасност. За да се избегне загуба на топлина и енергија тие треба да бидат оптимално изолирани за да обезбедите удобност во вашиот дом и во зима и во лето. Природните изолациони материјали од минерална волна се докажаа како најсоодветни за постигнување на таа цел.
Вентилираните фасади се докажаа како квалитетни со години кај новите градби и при модернизацијата на старите објекти. Тие претставуваат класичен случај на надворешен ѕид со топлинска изолација на градежно-физички „точната“ надворешна страна и дополнителна заштита од надворешните влијанија. Тоа е технички најсигурната конструкција на надворешен ѕид со најмал ризик за појава на штети.
Уште
Кај конструкциите од дрвена рамка/древни панели носечките делови и деловите за укрутување се комбинирани во една компонента. Со вообичаено осовинско растојание од 62,5 cm стандардизираните квадратни греди се коваат или зашрафуваат на носечка конструкција. Овие рамки ќе се укрутат дури по монтажата на дрвен материјал и/или материјал од гипс и заедно ќе претставуваат стабилна плоча со што се мултиплицира носивоста на поединечните компоненти.
Уште
Двојните индустриски фасади во најголема мера се градат како челична конструкција брзо и евтино. Поради малите трошоци за одржување и големата флексибилност во проектирањето, кај индустриските објекти таквите фасади од лесна града се многу застапени. Изолацијата од минерална волна на URSA со стандардизирани димензии гарантира оптимална топлинска изолација, заштита од влага, звучна изолација и заштита од пожар.
Уште