ursa-boden-1488190707.png

Подови

Оптималната изолација на подните конструкции придонесува за поголема удобност и заштеда на енергија. Во зависност од конструкцијата, освен топлинската изолација може да се подобри и звучната изолација. Со своите докажани производи од минерална волна и екструдиран полистирен URSA ги нуди следните решенија.

Оптималната изолација на подот придонесува за поголема удобност. Изолацијата овозможува одвојување на естрихот од соседните компоненти, така што тој „плива“ на изолацијата. Поради еластичноста на минералната волна, таа има многу добри својства на звучна изолација (изолација од ударен звук). Освен тоа, со плочите се подобрува и топлинската изолација.

Уште

И индустриските подови мора да ги исполнуваат барањата за топлинска изолација. Истовремено треба да се земат предвид високите статички и динамички оптоварувања.

Уште