Под темелна плоча

И темелните плочи мора да ги исполнуваат барањата за топлинска изолација. Истовремено треба да се земат предвид и големите статички оптоварувања. Со URSA XPS добивате изолациони плочи со извонредна отпорност на оптоварување.

Под темелна плоча

За специјална употреба, на носечките темелни плочи може да се монтираат изолациони плочи URSA XPS согласно техничкото одобрение Z-23.34-1493. Тие може да се употребуваат и во области со подземна вода.

Обработка

Изборот на соодветниот производ се врши согласно техничките карактеристики (неопходна отпорност на притисок).

Плочите од екструдирана полистиренска пена се монтираат на носива рамна површина во форма на долен носечки слој и се прицврстуваат на потпората. Помеѓу слојот со топлинска изолација и темелната плоча се поставува сепарациски слој (на пример полиетиленска фолија).

Плочите URSA XPS може да се монтираат и во повеќе слоеви. Ако XPS плочите се монтираат во повеќе слоеви (2 или 3 слоеви), тие се редат со преклопување на споевите, т.е. горната плоча се поставува со поместување во однос на положбата на долната XPS плоча така што нема да има континуирана спојна површина.

URSA XPS се користат и за странична изолација на тракасти темели и со тоа се редуцираат топлинските мостови на подната конструкција.