URSA AIR Zero A2 претставува плочи од минерална волна структурирани во повеќе слоеви за изработка на изолирани канали за вентилација.
Техничка изолација
URSA AIR може да се инсталира во вентилационен систем што функционира со помош на вентилатори во резиденцијални и нерезиденцијални објекти, како на пример деловни објекти, хали, училишта и сл. Производот URSA AIR е погоден за употреба во новоградби и кај реновирани објекти, а во основа секаде каде што се градат, реновираат или заменуваат каналите за вентилација.
Плочите од минерална волна URSA AIR се во сообразност со EN 14303 и служат за производство на изолирани вентилациони канали согласно EN 13403.
25mm: MW-EN-14303-T5-MV1-AW0,55
40mm: MW-EN-14303-T5-MV1-AW0,55
Карактеристики
Изведба
Повеќеслојната URSA AIR Zero плоча е составена од високо ефикасно јадро од минерална волна и е обложена од двете страни.
Антибактериска површина според најнова технологија
Zero е новата внатрешна, минерална површинска ткаенина од истражувањето на URSA AIR. Таа е антибактериска, хигиенска и безопасна за чистење.
Минерална волна за висока топлинска и звучна изолација
Ефикасното јадро на плочите од минерална волна URSA AIR Zero е незапаливото јадро на изолациониот материјал со одлични вредности за звучна изолација.
Префабрификуван надворешен жлеб
Изолационите плочи URSA AIR имаат машински направен надворешен жлеб како пандан на внатрешниот жлеб.
Засилено каширање со алуминиум
Стабилизацијата и заштитата на каналите од URSA AIR Zero се обезбедува со надворешното, висококвалитетно каширање со алуминиум.
Внатрешен жлеб со засилени рабови
Изолационите плочи URSA AIR имаат машински направен внатрешен жлеб со засилени рабови (пандан на надворешниот жлеб) со каширање од алуминиум што се преклопува.
Добитник на наградата ISO AWARDS 2014