Вентилирани фасади

Вентилираните фасади се докажаа како квалитетни со години кај новите градби и при модернизацијата на старите објекти. Тие претставуваат класичен случај на надворешен ѕид со топлинска изолација на градежно-физички „точната“ надворешна страна и дополнителна заштита од надворешните влијанија. Тоа е технички најсигурната конструкција на надворешен ѕид со најмал ризик за појава на штети.

Вентилирани фасади

Висечките вентилирани фасади се карактеризираат со висок квалитет од технички аспект. Поделбата на топлинската изолација и заштитата од временски непогоди обезбедува фасаден систем со висок степен на безбедност за обработка и конструкција. Покрај тоа, различните материјали за облогата на објектот овозможуваат различни можности за проектирање. Понатаму, овие објекти се особено економични поради својот долг животен век и ниското ниво на одржување, односно санирање.

 

Вентилираните фасади секогаш се монтираат со помош на потконструкција од дрвени или алуминиумски профили. Топлинската изолација се монтира помеѓу профилите. Таа мора да се покрие со паропропусна водонепропусна безконтактна мембрана. Како надворешна завршница се изведува облогата на објектот. Таа или се зашрафува видливо или се изведува со невидлив систем на прицврстување.

Обработка

Монтажа на потконструкција

За оваа намена потребно е однапред да се пресмета употребливоста на потконструкциите, елементите за анкерисување, поврзување и прицврстување. Видот, бројот и растојанието на анкерите, елементите за поврзување и прицврстување произлегуваат од статичките пресметки.

 

Монтажа на топлинската изолација

Изолационите плочи цврсто се спојуваат и се монтираат на носечкиот ѕид со површината каширана со воал кон надворешната страна. Треба да се избегнуваат попречни споеви. За да се избегне повратен проток треба да се внимава на тоа да не се остават празнини помеѓу подлогата и изолациониот слој. Мора да се обезбеди добро прилагодување на изолацијата на подлогата со помош на механичко прицврстување. Во зависност од карактеристиките на подлогата и на конструкцијата се одредува соодветниот број на спојници и шемата на распоредување на спојниците. За да се постигне рамномерна површина на изолацијата држачите се фиксираат или зашрафуваат до дебелината на плочата. Од аспект на противпожарна заштита препорачуваме да се користат метални спојници DHM што одговараат на нашите незапаливи фасадни изолациони плочи.

Дискот на спојницата треба да биде мазен и да има дијаметар од најмалку 85 односно 110 mm. Не смеат да се употребуваат држачи со остри рабови, бидејќи постои опасност од оштетување. Монтажата на изолацијата треба да се одвива брзо и непречено.

Изолационите плочи се монтираат со површината каширана со стаклен црн воал кон надвор. Поради каширањето изолационите плочи може да се монтираат и на облога со отворени фуги. Исечените рабови и челните страни не мора да бидат каширани. Во зависност од системот на фасадата и постојната подлога може да се употреба еден од следниве шеми на распоредување на спојниците:

 

Стандардно прицврстување

Фасадните изолациони плочи на URSA може да се прицврстат само со една спојница по плоча ако површината е без препреки. Оваа монтажа е можна кај плочи со дебелина од 80 mm . На аглите на објектот препорачуваме првите две плочи да се прицврстуваат со по 2 спојници по цела плоча. Во најдолниот ред на плочи исто така се препорачува да се користат 2 спојници по цела плоча.

 

Варијанта на прицврстување со двојна сигурност

Фасадните изолациони плочи на URSA се прицврстуваат со 2 спојници по плоча во средината и со уште една спојница на точките на вкрстување.

 

Изведба на вентилацијата

Потребно е најмалку 20 mm широк простор за вентилација на површината, кој на одредени места може да се намали на 5 mm поради карактеристиките на потконструкцијата или нерамнините на ѕидот. Длабочината на просторот за вентилација не смее да биде поголема од 50 mm, ако се користи потконструкција од дрво, а ако се користи потконструкција од метал може да биде максимум 150 mm. Отворите за проветрување и вентилација се изведуваат на точката на основата на објектот и на работ на кровот со попречен пресек од најмалку 50 cm² на 1 m должина на ѕид. Отворите во областа на цоклето за вентилација на облогата на надворешниот ѕид со дебелина од 20 mm мора да бидат заштитени со вентилациони решетки.